Дома Трансфер зона Готово: Првото засилување за Јувентус утре пристигнува на прегледи

Готово: Првото засилување за Јувентус утре пристигнува на прегледи

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус го договорил трансферот на Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед.

Дармијан долго време се поврзуваше со трансфер во Јувентус, а сега конечно двата клуба постигнаа договор.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Италијанските медиуми потврдија дека Дармијан утре ќе пристигне во Торино на лекарски прегледи, а Манчестер Јунајтед како обештетување ќе добие 12 милиони евра.

Италијанскиот репрезентативец оваа сезона беше во втор план кај Мурињо, а во Јувентус доаѓа како замена за Стефан Лихштајнер.

Дармијан ќе биде првото засилување на „старата дама“ за следната сезона, а во следните денови се очекува да пристигне и Емре Чан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…