Дома Топ вести Готово: Милан договори големо засилување!

Готово: Милан договори големо засилување!

Италијанските медиуми потврдуваат дека Милан го договорил првото големо засилување за следната сезона, а станува збор за дефанзивецот на Виљареал, Матео Мусакио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мусакио и минатата сезона беше трансфер цел на Милан, но тогаш „росонерите“ не успеаа да постигнат договор со Виљареал кој бараше 30 милиони евра за неговата слобода.

Сега работите се променија бидејќи аргентинскиот дефанзивец одби да потпише нов договор и сака да се пресели на „Сан Сиро“.

„Газета дело Спорт“ открива дека Мусакио постигнал договор со „росонерите“ за четиригодишна соработка и ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Вчера претставници на двата клуба имале средба и наводно ги договориле сите детали од трансферот кој ќе изнесува 18 милиони евра, а истиот ќе биде официјализиран на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…