Дома Топ вести Готово: Лукаку потпишува за најголемиот ривал на Интер

Готово: Лукаку потпишува за најголемиот ривал на Интер

Вчера како „бомба“ одекна веста дека Интер се повлекува од преговорите и дефинитивно се откажува од Ромелу Лукаку.

Причината за тоа е што Лукаку пред извесно време започнал преговори со Јувентус и му дал приоритет на „бјанконерите“, па „нероаѕурите“ дефинитивно се откажале од Белгиецот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега „Скај Италија“ пренесува дека Лукаку има комплетен договор со Јувентус, каде ќе заработува 10 милиони евра по сезона, и само се чека комплетирањето  на трансферот на Влаховиќ во ПСЖ.

Јувентус му понудил поголема плата на Лукаку, кој не сакал повеќе да го чека Интер и му кажал ДА на најголемиот ривал на „нероаѕурите“.

Се очекува трансферот да биде комплетиран во наредните денови, а Јувентус за неговиот потпис на Челзи ќе му плати 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…