Дома Фудбал Англија Готово: Де Геа останува во Јунајтед – ќе заработи богатство!

Готово: Де Геа останува во Јунајтед – ќе заработи богатство!

Конечно заврши сагата околу иднината на Давид де Геа, откако шпанскиот голман се согласи да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми пренесуваат дека се е договорено и Де Геа наскоро ќе стави потпис на нов шестгодишен договор според кој ќе заработи неверојатни 110 милини фунти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот во новиот шестгодишен договор ќе зема плата од 375.000 фунти и ќе стане убедливо најплатен голман во светот. Сите детали се веќе договорени, а новиот договор официјално ќе биде потпишан по враќањето на „црвените ѓаволи“ од претсезонската турнеа, пред стартот на новата сезона.

Де Геа пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 година, кога имаше само 20 години и набрзо прерасна во еден од најдобрите светски голмани.

Има досега вкупно 362 официјални натпревари за клубот, а четири пати беше избран за играч на сезоната во тимот на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…