Дома Трансфер зона Готово: Арсенал ја договори замената за Рамзи!

Готово: Арсенал ја договори замената за Рамзи!

Како што пренесовме денес, Арон Рамзи потпиша преддоговор со Јувентус и во следните денови треба да пристигне на прегледи во Торино.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Велшанецот ќе остане во Арсенал до крајот на сезоната, но „топџиите“ веќе се во потрага по негов наследник. Најголема желба на тренерот Емери е 29-годишниот Аргентинец Евер Банега.

Плејмејкерот на Севиља веќе се договорил со Арсенал каде ќе заработува 7 милиони фунти по сезона во следните три години, со опција за продолжување на уште една година.

Севиља не сака да се раздели со еден од најважните играчи, но Банега веќе донел одлука и го известил раководството да му дозволи трансфер на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…