Дома Трансфер зона Готово: Арда Туран се врати во Турција!

Готово: Арда Туран се врати во Турција!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби и официјална потврда – Арда Туран е нов фудбалер на Истанбул Башакшекир.

Тоа денес го потврди клубот од Истанбул притоа нагласувајќи дека тоа е трансфер за „целата Турција, а не само за клубот“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно, Арда Туран во Башакшекир пристигнува на позајмица од две и пол години, што значи дека Барселона без недоместок се ослободи од турскиот репрезентативец.

Ова за Туран ќе биде враќање во неговата татковина, каде во периодот од 2005 до 2011 година го носеше дресот на Галатсарај.

Тој во Барселона пристигна во 2015 година од Атлетико Мадрид, а за каталонскиот гигант одигра 55 натпревари на кои постигна 15 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали засилувањето на Ливерпул од 85 милиони евра најави заминување со последниот потег?

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е честа мета на критики во јавноста поради големиот бр…