Дома Трансфер зона Готово: Анхел Ди Марија има нов клуб

Готово: Анхел Ди Марија има нов клуб

Пред неколку дена Анхел Ди Марија реши јавно да каже дека неговиот договор со Јувентус нема да биде продолжен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој така реши да се прости од овој клуб, а веднаш почнаа шпекулациите за продолжување на неговата кариера.

Фабрицио Романо сега ексклузивно објави дека Аргентинецот има нов клуб, и дека се договорил со Бенфика.

“Бенфика го финализира потписот на Ди Марија. Се е во завршна фаза, треба да се завршат некои ситни детали.

Се ќе биде официјализирано во следните неколку дена. Тој прифати едногодишен договор и чека да потпише”. напиша Романо на својот Твитер профил.

35-годишниот аргентински интернационалец минатото лето пристигна како слободен играч од Пари Сен Жермен на едногодишен договор, а сега си заминува под слични околности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мбапе жестоко ја нападна екипата по поразот на Светското првенство

Шпанија ја победи Франција (2:0) во полуфиналето на Светското првенство. Головите ги пости…