Вардар и Металург важат за големи ривали во македонскиот ракомет без разлика во каква позиција сега се наоѓа тимот од Автомокоманда.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Црвено-црните вчера обезбедија пласман на фајнл-фор турнирот во Келн откако во Сегедин загубија со четири гола разлика, победата во Скопје ги однесе помеѓу најдобрите четири екипи во Европа.
Металург после овој успех на Вардар се огласи на својата Фејсбук страна и својот ривал му посака европски трофеј.
„Уште еднаш му честитаме на македонскиот шампион. Вардар ја преброди кризата од првото полувреме во пеколот на Сегед и успеа да ја сочува предноста од средбата во Скопје. На Вардар му посакуваме успех во Келн и нов пехар во нивната клупска витрина“, гласи Фејсбук статусот на Металург,

Навистина ова е еден господски потег за сите пофалби.