Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски повеќе не е шеф на стручниот штаб на Горица, откако клубот реши да му врачи отказ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одлуката за прекин на соработката е донесена по вчерашниот пораз во 16-то коло на хрватскиот шампионат против Истра.
Горица не успеа да освои ниту една победа по доаѓањето на Ангеловски и остана на дното на шампионатот, па раководството го загуби трпението.
Пред десетина дена Ангеловски сам си поднесе оставка, но клубот не ја прифати. Сепак, откако резултатите не се променија реши да му врачи отказ.