Дома Фудбал Горецка се повреди, Милер се враќа во репрезентацијата за ЕП?

Горецка се повреди, Милер се враќа во репрезентацијата за ЕП?

Поради повреда на бутниот мускул Леон Горецка предвреме ја заврши сезоната во Бундеслигата.

Повредата на бутот посебно ги загрижува Германците затоа што следува Евроспкото првенство. Горецка има скинати мускулни влакна на левиот бут, повредата ја заработи на последниот натпревар против Борусија Менхенгладбах во саботата.

До крајот на сезоната сигурно нема да се врати, а засега не е познато дали Лев ќе смета на 26 годишниот фудбалер за Европското првенство.

Германските медиуми шпекулираат дека во случај Горецка да не биде во можност да настапи на ЕП негова замена ќе биде Томас Милер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сари бара опрез: Местото на Парма на табелата може да нè измами

Аталанта има амбиции за нов успешен циклус, но повредите му ги отежнуваат плановите на Сар…