Македонскиот прволигаш Академија Пандев од вчера и официјално е во мнозинска сопственост на „Брера Холдинг“, како и што беше најавувано.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што информира „Фактор“, вчера на Македонската берза помина блок трансакција со акциите на фудбалскиот клуб Академија Пандев од Струмица.
Биле продадени 2.250 акции на Академија Пандев, по цена од 16.480 денари по акција. Вкупниот износ бил над 37 милиони денари или 603.000 евра.
Пред неколку месеци излезе информацијата дека „Брера Холдинг“ ќе купи 70 проценти од акциите на клубот, но вчера биле продадени 90% од акциите.