Папу Гомез овој период е една од главните теми во Италија поради неговата ситуација во Аталанта.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Многу веројатно Гомез ќе замине од Аталанта, а еден од клубовите со кои се поврзува е Интер. Италијански „Тутуоспорт“ пишува дека кога Гомез би дошол во Интер, тоа би можело да има ист ефект на тимот како трансферот на Пандев.
Тогаш Пандев се приклучи на тимот на Мурињо и Интер ја имаше својата најуспешна сезона во историјата, освојувајќи „триплета“ (Копа Италија, Скудето, Лига на шампиони).
Покрај Гомез Интер се поврзува со Жервињо од Парма и Милик од Наполи, а се очекува да замине младиот Андреа Пинамоти.
