Дома Фудбал Останато Големо изненадување: Звезда после 58 години може да се пресели од „Маракана“!

Големо изненадување: Звезда после 58 години може да се пресели од „Маракана“!

Актуелниот српски шампион, белградска Црвена Звезда после цели 58 години би можела да се пресели од „Маракана“.

Ваквата опција ја најави генералниот директор на клубот Звездан Терзиќ и објасни дека е чисто од финансиска прирорда. За Терзиќ иднината на Звезда е да се пресели за да може комерцијално да заработува, а притоа да добие и модерен тренинг камп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„На местото каде што сме во овој момент имаме сопственост од 16.5 хектари и зборуваме за некаков капитал. Но, ние годишно од тоа немаме никаков приход, плус имаме трошок од 250.000 евра за данок на имот кон Белград. Стадионот е изграден во 1953 година и е наслонет на четири трибини на земја, па немаме ниту еден квадрат од некаков бизнис или станбен простор на најскапата локација во градот. Можам да кажам дека сме блиску до договор да кушиме 20 хектари во близина на аеродромот и да направиме наш камп, комплетно да се преселиме таму“, изјави Терзиќ.

Останува да се види како на ваквата најава ќе реагираат навивачите со оглед дека на „Маракана“ има голема историја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…