Дома Кошарка Големо засилување: Жоел Ембид доби пасош и може да игра за Франција!

Големо засилување: Жоел Ембид доби пасош и може да игра за Франција!

Koшаркарот на Филаделфија, Жоел Ембид доби француско државјанство што значи дека ќе може да се натпреарува за оваа земја.

Ембид е роден во Јаунде и е чист Камерунец, но никогаш не го носел дресот на својата репрезентација. Желбата на Ембид е да се натпреварува за Франција од каде што се неговите родители.

Според „Л’Eкип“ пред 2-3 месеци аплицирал за државјанство, а пасошот официјално го добил на 5. Јули. Ембид покажа желба да настапува за Франција уште на Олимписките игри во Рио во 2016 година, но тогаш не наиде на поддршка.

Работите во меѓувреме се сменија откако тој стана најдобар стрелец во НБА лигата со 30.6 поени по натпревар. Така тој ќе биде огромно засилување за Франција пред се на ОИ во Париз 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Грин направи хаос против Финикс: го собори Малуач, па го фати Брукс за врат!

Дрејмонд Грин заработи исклучување по инцидентот со двајца кошаркари на Финикс. Судиите му…