Дома Македонски спорт Големи зборови од Бруно Фернандеш за Стефан Ристовски ?

Големи зборови од Бруно Фернандеш за Стефан Ристовски ?

Вчерашниот пријателски натпревар помеѓу Спортинг и Белененсеш беше важен за нашиот Стефан Ристовски затоа што на раката ја носеше капитенската лента.

Капитенот на Спортинг, Себастијан Коатес не беше во тимот па капитен беше Ристовски. Ова потврдува дека Ристовски ќе биде еден од капитените во Спортинг за новата сезона.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бруно Фернандеш кој од Спортинг направи трансфер во Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок по ова испрати големи зборови до Ристовски.

„Знам дека си горд затоа што стана капитен на клубот кој го сакаше толку многу. Не сум видел некој странец да биде толку посветен на нашата земја и клубот. Ти го заслужи ова и уште повеќе“, гласи пораката на Фернандеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…