Дома Трансфер зона Голема трампа меѓу Барса и ПСЖ: Кутињо и уште една ѕвезда ќе завршат во Париз

Голема трампа меѓу Барса и ПСЖ: Кутињо и уште една ѕвезда ќе завршат во Париз

Каталонските медиуми во утрешното издание најавуваат враќање на Нејмар, изгледа дека поголем дел од работата е готов и дека Бразилецот по две години ќе се врати во Барса.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кутињо се согласил да се пресели во ПСЖ, а и Иван Ракитиќ ќе си оди во Париз за да слушне понуда и да одлучи да биде дел од трампата. Барса не крие, се е спремно за враќање на Бразилецот, сумата наводно е 70 милиони евра, плус два играчи, Кутињо и Ракитиќ. Со тоа, Леонардо би ја решил средината на теренот, сега сака стопер, Де Лихт е сега далеку, но Бразилецот го сака Кулибали.

Да го напоменеме и тоа, трансферот на Нејмар нема да влијае на Гризман, „Спорт“ тврди дека следната недела, Барса ќе ја активира клаузулата и ќе го доведе Французинот, а квартетот, Меси, Нејмар, Суарез и Гризман, делува неверојатно. Од клубот би можел да си оди Дембеле, Баерн е заинтересиран, но Барселона сака да ги врати големите вложувања во Французинот, тешко е да се очекува дека Баварците ќе платат троцифрена сума за играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…