Дома Фудбал Голем проблем за Чави: Се повредија двајца клучни играчи

Голем проблем за Чави: Се повредија двајца клучни играчи

Екипата на Барселона пропушти прилика да ја намали предноста во однос на Реал Мадрид и одигра само реми без голови во синоќешниот натпревар против Билбао.

Натпреварот на „Сан Мамеш“ не понуди многу возбудувања и помина во знакот на тактичкото надмудрување на двајцата тренер.

Освен што не победи, лоша вест за Барселона се и повредите на Френки Де Јонг и Педри.

Холандскиот играч за врска при еден пад го повреди зглобот и беше заменет уште во 26. минута. Пред крајот на полувремето се повреди и Педри, веројатно потешко. Младиот фудбалер натпреварот го напушти во солзи.

Натпреварот не донесе многу шанси, Кансело имаше еден солиден обид за Барселона, додека на другата страна се обиде Дени Гарсија.

Со ова реми сигурно позадоволни се во Атлетик кој е петти со 50 бода, додека Барселона има 58 на третото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…