Дома Фудбал Останато Гол на Ибрахимовиќ во негов стил: Мајсторски прием на гради и волеј удар (ВИДЕО)

Гол на Ибрахимовиќ во негов стил: Мајсторски прием на гради и волеј удар (ВИДЕО)

После одработената суспензија од два натпревари поради картони Ибрахимовиќ како вистински капитен го предводеше својот тим забележувајќи гол и асистенција.

Ла Галакси поведе во 55-тата минута, а стрелец беше Фавио Алварез после одличната асистенција на Швеѓанецот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Пред самиот крај на натпреварот, во 86-тата минута Златан и самиот се запиша во листата на стрелци со еден одличен гол со волеј удар откако претходно мајсторски ја прими топката на гради.

Ова за Ибрахимовиќ беше 10-ти гол оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…