Дома Фудбал Италија ГОЛ-МАШИНА: Лука Тони пред повеќе од 10 години, па вчера Чиро Имобиле!

ГОЛ-МАШИНА: Лука Тони пред повеќе од 10 години, па вчера Чиро Имобиле!

Неверојатни бројки на напаѓачот на Лацио оваа сезона.

Во вчерашната победа на Лацио над Стеауа, Чиро Имобиле беше вистински херој на својот тим. Имобиле постигна хет-трик и стана првиот Италијанец кој постигнал хет-трик во Европа уште од Лука Тони во 2007 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интересно, на пет одиграни натпревари во ова натпреварување, Имобиле постигна исто толку погодоци, а иста е ситуацијата во Серија А.

Во домашното првенство, Имобиле во овој момент е прв стрелец со 22 погодоци на исто толку натпревари.

Доколку се гледа голгетерското салдо во досегашниот дел од сезоната Имобиле има ист број на постигнти погодоци и одиграни натпревари 31/31.

На отварањето на сезоната постигна два гола против Јувентус за освојување на Суперккупот на Италија, а два пати беше стрелец и во Копа Италија каде што одигра три натпревари.

Со еден збор, гол-машина!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…