Мемфис Депај го напушти Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Жозе Мурињо, бидејќи не сметаше на неговите услуги.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Холанѓанецот во француската лига игра подобро, постигнува голови и асистира, но прашањето е како би успеал во некој поголем клуб. Сепак, тој даде храбра изјава дека еден ден ќе заигра во Реал Мадрид, бидејќи тоа е неговиот најголем сон.
„Верувам дека еден ден ќе играм во Реал Мадрид. Тоа е моја цел. Бог тоа најдобро го знае, тој ќе ми помогне да го остварам сонот“, изјави Депај.
23-годишниот Депај во јануари минатата година пристигна во Лион, а до сега постигна осум гола на 27 натпревари.