Дома Трансфер зона Го сакаше и Реал потпиша за Барселона: Ми нудеа повеќе пари, но мојот сон е Барса!

Го сакаше и Реал потпиша за Барселона: Ми нудеа повеќе пари, но мојот сон е Барса!

Барселона го официјализираше трансферот на Пабло Торе од Расинг Сантандер.

Пабло Торе игран а позицијата офанзивен играч за врска има 19 години и многумина го споредуваат со Педри кој блескаше изминатата сезона. Барселона за неговите услуги плати пет милиони евра, а со бонуси трансферот може да достигне вредност од 20 милиони евра.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во неговиот договор поставена и откупна клазула од 100 милиони евра. Неодамна Торе даде изјава во која потврди дека имал понуда и од Реал Мадрид.

„Вистина е дека имав понуда од Реал кој ми нудеше повеќе пари, но мојот сон е само Барселона“, изјави Торе.

Неговиот договор е со важност до 2026 година и поради формланости ќе биде регистриран во Барселона Б, но предсезоната ќе ја помине со првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…