Дома Фудбал Италија Го одигра ли Кедира последниот натпревар за Јувентус?

Го одигра ли Кедира последниот натпревар за Јувентус?

За Германецот Сами Кедира поради повреда сезоната е завршена, а тоа можеби значи и дека е завршена неговата авантура во Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кедира играше во полуфиналето против Милан, но во финалето против Наполи не беше ниту на купата, а „Газета дело Спорт“ пишува дека поради повреда на тетивата го чека пауза од два месеци.

Тоа значи дека Кедира нема да биде во составот на Јувентус до крајот на сезона и дека 33 годишникот после четири сезони и четири Скудета ќе си замине од Торино.

Оваа сезона Кедира имаше проблеми со повредите, па од почетокот на сезоната одигра само 22 натпревари.

Кедира во Јувентус дојде од Реал Марид во 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

МOK ја отфрли пријавата против Џани Инфантино, нема казна за претседателот на ФИФА

Меѓународниот олимписки комитет (МOK) ја отфрли пријавата на организацијата за човекови пр…