Резервниот голман на Манчестер Сити, Клаудио Браво ја повреди ахиловата тетива на левата нога за време на тренингот и најверојатно за него сезоната е завршена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Повредата на Браво е сериозен удар за менаџерот Пеп Гвардиола, кој сега ќе може да смета единствено на Едерсон, бидејќи Џо Харт го напушти клубот.
Браво во наредните денови ќе замине во Барселона каде што ќе мине детални прегледи и ќе биде опериран, а од фудбалските терени ќе отсуствува околу 8 месеци.
Претходно на тренинг Гвардиола го загуби и Кевин Де Брујн на три месеци, заради повреда на лигаментите на коленото.