Дома Фудбал Германија Гигантите го вклучуваат алармот: Најдобриот стрелец во Бундеслигата може да замине за 17.5 милиони евра

Гигантите го вклучуваат алармот: Најдобриот стрелец во Бундеслигата може да замине за 17.5 милиони евра

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е најпријатно изнеадување сезона во германската Бундеслига, напаѓачот постигна 14 голови и во овој момент е најдобриот стрелец во топ пет првенства.

Летово Баерн Минхен го доведе Хари Кејн во трансфер вреден 100 милиони евра и се очекуваше англискиот голгетер да биде на врвот во оваа категорија, но Гираси игра фантастично.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


27-годишниот напаѓач постигна 14 гола и во овој моемнт освен што прв стрелец во Бундеслигата, тој е и во топ 5 стрелци во Европа.

По ваквиот настап очекувано е за него повеќе клубови да покажуваат интерес. Според информациите на „Скај Германија“ тој во својот договор има откупна клазула од 17.5 милиони евра.

Таа сума е двојно помалку од неговата вредност на „Трансфермаркт“, па сигурно дека Штутгарт ќе има проблем да го задржи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Официјално: Тони Крос ја завршува кариерата!

Тони Крос става крај на професионалната фудбалска кариера. Германскиот фудбалер ќе ја завр…