Дома Трансфер зона Гигантите во трка за бисерот на Фиорентина: Од Фиренца ја одредија цената – 60 милиони евра!

Гигантите во трка за бисерот на Фиорентина: Од Фиренца ја одредија цената – 60 милиони евра!

Фиорентина оваа сезона значително го промени составот, па многумина им предвидуваа позиција во долниот дел од табелата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа „Виола“ во овој момент се наоѓа на средината на табелата со можност да се вклучи во трката за излез во Европа.

Еден од најдобрите фудбалери на тимот секако е Федерико Киеза, синот на прославениот татко Енрико Киеза.

За офанзивниот играч за врска интерес покажаа бројни европски клубови, се споменуваа Јувентус, Челзи и Манчестер Јунајтед, па тимот од Фиренца морал да реагира.

Сепак, цената на Киеза воопшто не е мала и раководството на клубот од Фиренца на заинтересираните клубови им порачало дека оној кој го сака Киеза би морал да издвои 60 милиони евра.

https://www.youtube.com/watch?v=XBBATCFRVmc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…