Дома Топ вести Ги најави ли министерот за спорт на Саудиска Аранија трансферите на Меси и Бензема?!

Ги најави ли министерот за спорт на Саудиска Аранија трансферите на Меси и Бензема?!

На големо од вчера вечерта се најавува трансферот на Карим Бензема во Саудиска Арабија, а утрово се појавија и шпекулации дека Меси е се поблиску.

Двете европски ѕвезди имаат неверојатни понуди од богатите клубови во оваа земја. Ал-Хилал на Меси му понуди 600 милиони евра годишно додека шампионот Ал-Итихад се обидува да го убедени Бензема со 100 милиони евра по сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дополнително атмосферата ја загреа министерот за спорт на Саудиска Арабија, Абдул Азиз Бин Турки Ал-Фејсал. Новинарите го запрашаа за Французинот и Аргентинецот, а тој не демантираше.

„Дали ќе дојдат Меси и Бензема во Саудиска Арабија? Да почекаме прво клубовите официјално да објават“, кратко одговори тој.

Ако ваквите трансфери се реализираат тогаш нема сомневање дека првенството во Саудиска Арабија ќе добие огромно внимание ако се знае дека Кристијано Роналдо од минатата зима го носи дресот на Ал Наср.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…