Дома Фудбал Германците забранија коментари на социјалните мрежи

Германците забранија коментари на социјалните мрежи

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) беше принуден да ги исклучи коментарите на социјалните мрежи по серијата расистички коментари за своите играчи.

По победата на младата германска репрезентација против САД (3:2) во осминафиналето на Светското првенство до 17 години, ДФБ мораше да ги исклучи коментарите на социјалните мрежи поради низата расистички коментари против тимот.

По натпреварот, беше објавена фотографија од четворицата германски играчи Чарлс Херман, Алмугер Кабар, Парис Брунер и Фајсал Харчауи кои ја слават победата. Но, набрзо почнаа да се трупаат бројни расистички коментари за нивната боја на кожа.

„Горди сме на различноста меѓу нашите млади играчи. Заложбата за различноста е цврсто вкоренета во статутите на федерацијата, како и во вредностите на толеранција и почит. Ако не ги споделувате овие вредности, престанете да не следите“, соопшти ДФБ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…