Дома Ракомет Германките ги декласираа нашите младинки, пораз од 26 поени разлика

Германките ги декласираа нашите младинки, пораз од 26 поени разлика

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години го заврши квалификацискиот турнир за Светското првенство во Исланд.

Македонија денешниот натпревар го загуби од репрезентацијата на Германија со убедливо 11:37.

Избраничките на Јулијана Дамчевска прво загубија од домаќинот, потоа од Литванија, за денес да бидат убедливо поразени од Германките. Од самиот старт Германија покажа дека дојдена е по победа и прашањето беше само со кој резултат ќе се заврши натпреварот.

Македонија во првиот дел постигна само пет годоци, а во вториот еден повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Седум гола разлика во дуелот на македонските ракометни надежи: М20 победи со 34:27

Македонската селекција до 20 години ја совлада кадетската репрезентација во првата од двет…