Дома Фудбал Германија објави на кој стадион ќе ја пречека Македонија во март

Германија објави на кој стадион ќе ја пречека Македонија во март

Германската фудбалска федерација објави дека натпреварот во квалификациите за СП 2022 против Македонија ќе го игра во Дуисбург.

Како што е познато од претходно објавениот календар дуелот со Германија на гости ќе го играме на 31. март и тоа ќе биде првото гостување на нашата репрезентација во Германија. „МСВ“ арената на која Германија ќе ја пречека Македонија има капацитет од 31.500 гледачи.

На овој стадионот игра локалниот Дуисбург кој во минатото беше дел и од Бундеслигата, но сега е во третата германска лига.

Шест дена претходно Германија на истиот стадион ќе биде домаќин на Исланд исто така во натпревар од нашата група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…