Дома Фудбал Гвардиола: Ќе се бориме за титулата следната сезона

Гвардиола: Ќе се бориме за титулата следната сезона

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека има идеја како да го засили тимот за следната сезона и да се бори за титулата со Ливерпул.

Ливерпул е пред освојување на титулата и му недостигнаат само уште 5 бода за и официјално да биде промивиран во англиски шампиони.

„Ливерпул ќе остане многу силен тим, но одбрана на титулата е нешто многу тешко. Видете, ние сме единствените што успеале го тоа во последните десет години“, изјави Гвардиола.

„Сметам дека следната сезона можеме повторно да бидеме шампиони. Имаме идеја на трансфер пазарот за следната сезона и сигурен сум дека ќе се бориме за титулата“, додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ двоен стрелец во Битола: Силекс останува во трката за нов куп-трофеј

Силекс го елиминира Пелистер со 3:0, со три погодоци пред паузата. Бранителот на трофејот …