Дома Фудбал Англија Гвардиола ја доби првата битка: Ова е цената за неговата долгопосакувана желба!

Гвардиола ја доби првата битка: Ова е цената за неговата долгопосакувана желба!

Гвардиола пред неколку недели, по освојувањето на титулата во Англија, изјави дека вече почна да ја планира следната сезона.

Секако, првата работа која се најде на тапет е составувањето на играчкиот кадар.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Познато е дека Јаја Туре ја напушта екипата, судбината е неизвесна и за уште неколку фудбалери, а јасно е дека Сити прво ќе мора да го засили редот за врска.

Туре заминува, Фернандињо наполни 33 години, па ред е да се донесе еден централен играч за врска кој ќе биде квалитетен.

Првата мета на шпанскиот стратег е фудбалерот на Наполи, Жоржињо.

Бразилецот со италијански пасош има 26 години, оваа сезона на 35 настапи во дресот на Наполи постигна три погодоци и запиша четири асистенции, а притоа имаше и успешност со пасовите од 89,2%, што е можеби и најважна категорија за еден играч за врска, дури во очите на Пеп Гвардиола.

Сега во италијанските медиуми се појави и информацијата дека Наполи ја одреди цената за својот играч за врска, свесни дека не можат да го убедат да остане покрај интересот на „Граѓаните“, па за неговите услуги бараат 40 милиони евра, пренесува „Газета“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…