Дома Трансфер зона Гвардиола прв фаворит – дефанзивецот на Баерн на мета на Сити, Јунајтед, Барса и Реал!

Гвардиола прв фаворит – дефанзивецот на Баерн на мета на Сити, Јунајтед, Барса и Реал!

Фудбалерот на Баерн Минхен би можел на крајот од сезоната да го напушти Минхен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите дефанзивци во последните неколку години би можел да биде ставен на продажбата, а за неговиот потпис би можеле да се борат неколку европски гиганти.

Жером Боатенг се наоѓа на мета на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Барселона и Реал Мадрид. Сумата која би можел да ја заработи Баерн од неговата продажба се очекува да биде околу 50 милиони евра.

Гвардиола е посебно заинтересиран повторно да соработува со Боатенг. Причината за таквата желба на Пеп е способноста на Боатенг да започне напад од последната линија на тимот.

Иначе, Боатенг своевремено беше дел од Манчестер Сити, но не доби шанса во првиот тим па се пресели на „Алијанц Арената“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…