Манчестер Сити наводно го договорил доаѓањето на бразилскиот играч за врска од Шахтјор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако Сити игра одлично и е пред освојување на титулата, Пеп Гвардиола не запира и во својот тим го доведува 24-годишниот играч за врска, Фред, со што укажува жестока борба за трофејот и во новата сезона, во која би требало да остане на клупата на „Граѓаните“.
Наводно, „Граѓаните“ на украинскиот тим ќе му платат 50,2 милиони евра за фудбалерот кој на лето би требало да пристигне на „Етихад“, а клучен во трансферот беше и поранешниот играч на Арсенал, Гилберто Силва.
Гвардиола ги обожава бразилските играчи, а Фред пристигнува за малку да го ослободи Кевин Де Брујн, кој неодамна се повреди токму поради тоа што нема вистинска замена. Бразилецот во Шахтјор одигра 16 натпревари во тековната сезона и постигна два гола и запиша две асистенции.