Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Играчите на Динамо не сакаа да играат

Гвардиола: Играчите на Динамо не сакаа да играат

Манчестер Сити запиша победа и во второто коло од групната фаза во ЛШ.

После убедливата победа над Шахтјор, тимот на Сити синоќа на Етихад го победи Динамо Загреб кој правеше отпор скоро час време. Потоа со головите на Стерлинг и Фоден, Граѓаните стигнаа до очекуваната победа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради новата победа Пеп Гвардиола беше ,нормално, задоволен, но од играта на гостинскиот тим, не.

„Многу добро се бранеа еден на еден, беа многу агресивни. Десет играчи им беа во шеснаесетникот и не сакаа да играат.“ – изјави Пеп за играта на Динамо и додаде:

„Динамо своите шанси ги гледаше од прекините, но ние бевме трпеливи. На крајот имавме доволно шанси и стигнавме до победата.“

Пеп истакна дека Фоден ја оправдал довербата.

„Одигра врвен натпревар, направи голем чекор напред. Има неверојатна завршница, среќен сум поради него и сигурно заслужува повеќе минути. Верувам дека и во иднина ќе ни биде од голема помош.“ – додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…