Дома Топ вести Гвардиола и Мурињо се „тепаат“ за Милинковиќ-Савиќ

Гвардиола и Мурињо се „тепаат“ за Милинковиќ-Савиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека се игра дерби на Манчестер за потписот на српскиот репрезентативец и член на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милинковиќ-Савиќ блеска и оваа сезона во дресот на Лацио и е на радарот на многу европски гиганти.

За Србинот силен интерес од поодамна покажува Жозе Мурињо кој испратил скаути да го следат неговиот настап на мечот Сампдорија – Лацио, каде Савиќ одигра феноменална партија.

Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ не се единствени кои се интересираат за него. Скаути на Манчестер Сити веќе подолго време ја следат ѕвездата на Лацио, а Гвардиола по секоја цена сака да го донесе во своите редови.

Двете екипи од Манчестер ќе водат голема битка за неговиот потпис, а Лацио сигурно нема да го пушти Србинот за сума помала од 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…