Дома Фудбал Гвардиола: Вау, каков играч ми донесоа…

Гвардиола: Вау, каков играч ми донесоа…

Манчестер Сити ремизираше со Ливерпул во последниот првенствен натпревар.

Иако освои само бод, Пеп Гвардиола ги реши сите дилеми во одбраната каде сигурно место има Мануел Акањи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Швајцарецот беше платен од Манчестер Сити 20 милиони евра. Гвардиола беше полн со пофалби за него на вчерашната прес-конференција.

“Тој може да игра на страна, како централен дефанзивец или во средината. Каков играч добив, Вау… Каков играч Бегиристан ми донесе“, го пофали Гвардиола Акањи, но и спортскиот директор на Манчестер Сити, кој заврши одлична работа со доведувањето на Швајцарецот.

Акањи има 28 години и минатото лето пристигна во Манчестер Сити од Борусија Дортмунд.

Неговата цена оттогаш се зголеми на 38 милиони евра според Трансфермаркт. Оваа сезона постигна три гола на 16 настапи во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри во конфликт со управата на Милан, приказните за заминување се засилуваат

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри има комплициран однос со управата, што би можело да…