Дома Трансфер зона Гвардиола бара замена за Фернандињо, има тројца кандидати

Гвардиола бара замена за Фернандињо, има тројца кандидати

Раководството на Манчестер Сити ја започна потрагата по заменик за Фернандињо, кој најверојатно ќе го напушти „Етихад“ ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на 35-годишниот Бразилец завршува на крајот на сезоната, а како што стојат работите клубот нема да му понуди продолжување на соработката.

Поради тоа на „Етихад“ веќе работата за доведување на негова замена, а Гвардиола има список со тројца кандидати.

Прв на списокот е ѕвездата на Борусија Мехенгладбах и швајцарски репрезентативец Денис Захарија. 24-годишниот играч за врска игра одлично во Бундес лигата и подолго време е на радарот на „граѓаните“.

Вториот кандидат е Сандер Берге од Шефилд Јунајтед. 23-годишниот Норвежанец сигурно ќе ја промени средината на лето и многу англиски гиганти го сакаат во своите редови.

Последен на списокот на желби е Жоао Палиња од Спортинг Лисабон, кој игра одлична сезона и дебитираше за Португалската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…