Дома Фудбал Англија Гвардиола стравува: Скапоценото засилување се врати во Манчестер на патерици (фото)

Гвардиола стравува: Скапоценото засилување се врати во Манчестер на патерици (фото)

Манчестер Сити во изминатата ноќ успеа да слави победа (3:2) над Баерн Минхен, но никој во овој клуб не беше премногу задоволен после натпреварот.

Имено, причина за таквото расположение е повредата на скапоценото засилување од Лестер, Ријад Марез.

Марез заработи незгоден удар во почетокот од натпреварот, на крајот не издржа и мораше да биде заменет уште во првото полувреме.

Засега нема конкретни информации за степенот на повредата, ќе мораат да се почекаат деталните прегледи, но начинот на кој фудбалерот пристигна во Манчестер не ги израдува навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нкунку се враќа во Германија, Лајпциг и Милан постигнаа договор

Лајпциг и Милан постигнаа договор за трансферот на Кристофер Нкунку, кој ќе се врати во ед…