Дома Фудбал Италија Гатузо: Бонучи мора да биде капитен, не ми се допаѓа неговата изјава

Гатузо: Бонучи мора да биде капитен, не ми се допаѓа неговата изјава

На тренерот на Милан, Џенаро Гатузо не му се допадна изјавата на Леонардо Бонучи пред утрешното градско дерби против Интер.

Утре од 18:30 часот се игра дербито помеѓу Милан и Интер, станува збор за одложениот натпревар поради смртта на Давиде Астори.

Џенаро Гатузо присуствуваше на конференцијата за медиуми и истакна дека очекува од неговиот тим да даде се од себе во натпреварот кој многу им значи и за подобриот пласман на табелата, но и за навивачите.

„Се надевам дека ќе ја повториме играта од натпреварот против Јувентус. Мораме да го унапредиме менталитетот и желбата, да се бориме до последен здив. Ова е дерби, натпревар во кој често пати послабо пласираниот знае да победи“, изјави Гатузо.

Новинарите ги интересираше и мислењето на Гатузо околу изјавата поврзана со потенцијалните засилувања која ја даде Леонардо Бонучи.

„Бонучи мора да биде капитен, не ми се допаѓа тоа што го изјави“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Игoр Паишао се подготвува за трансфер во Премиер лигата

Игoр Паишао изрази желба да ја напушти Марсеј следното лето, откако не успеа да се пресели…