Дома Фудбал Англија Газдите на Рома го купија Евертон

Газдите на Рома го купија Евертон

Англискиот Премиер лигаш Евертон има нови сопственици, откако мнозинскиот дел од акциите на клубот од 94,1 отсто го купи групата Фридкин од претходниот сопственик, иранскиот бизнисмен Фархад Мошири.

Групацијата Фридкин ја поседува и Рома, клуб кој игра во италијанската Серија А. 

 Рајан Фридкин, синот на Ден Фридкин, сега ќе биде задолжен за „Волчицата“ и семејството нема намера да го продаде римскиот клуб.

Детали од купопродажбата не се објавени, но според пишувањата на британските медиуми, договорот е тежок помеѓу 400 и 500 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал и Барселона во трка за Ерлинг Халанд

Арсенал и Барселона се потенцијални дестинации за Ерлинг Халанд, кој би можел да го напушт…