Дома Фудбал Франција Газдата на ПСЖ се налути: Дали вие разбирате малку фудбал?!

Газдата на ПСЖ се налути: Дали вие разбирате малку фудбал?!

Пари Сен Жермен е елиминиран од Лигата на Шампионите по поразот со 1:0 од Борусија Дортмунд во реванш полуфиналниот натпревар на „Паркот на Принцовите“, која се пласираше со вкупни 2:0.

По поразот од Борусија зборуваше претседателот на гигантот од Париз, Насер Ал Хелаифи.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Многу сме разочарани од резултатот. Преовладува тагата, мислам дека требаше да добиеме повеќе. И тренерот и играчите дадоа максимум, а што да кажеме за големите навивачи, беа фантастични“, изјави Ал Хелаифи.

Потоа доби прашање за иднината на тренерот Луис Енрике. Договорот на стратегот на ПСЖ има важност до крајот на следната сезона.

„Дали сте сериозни во врска со ова прашање? Дали навистина знаете или разбирате малку од фудбал? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа, иднината ќе биде светла. Одиме по истиот пат“, изјави претседателот на ПСЖ најавувајќи дека Енрике ќе остане во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Фабрегас требаше да избере еден од Модриќ и Иниеста – не размислуваше многу!

Сеск Фабрегас (37), еден од најдобрите играчи од средниот ред од почетокот на 2000-тите, б…