Дома Фудбал Франција Газдата на ПСЖ до УЕФА: Истражете ги трансферите на Барселона

Газдата на ПСЖ до УЕФА: Истражете ги трансферите на Барселона

Првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи побара од УЕФА детално да се истражат финансиските зделки кои Каталонците ги направија ова лето.

Барселона и покрај сериозните финансиски проблеми летово успеа добро да се засили и потроши голема сума на пари. Парите Каталонците ги заработуваа така што ги продаваа своите маркетиншки права и дел од нивните телевизиски и дигитални прави.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Ал-Келаифи ваквата ситуација создава нелојална конкуренција.

„Ако ме прашувате дали е фер ќе ви одговорам – не е! Дали е законско? Тоа не можам да ви кажам, затоа што не знам и не сум толку упатен“, изјави Келаифи.

Токму неговиот ПСЖ често пати во јавноста е критикуван дека користи фиктивни спонзорски договори за да пумпа пари во клубот и да создава финансиска предност на трансфер пазарот во однос на другите клубови.

Во овој момент Ал-Келаифи е и претседател на Европската клупска асоцијација каде што дојде на местото на Андреа Ањели после целиот хаос со Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…