Бурно е во фудбалскиот сојуз на Србија, па така Мирослава Тањга само неполни 24 часа откако доби отказ од позицијата директор во спортскиот сектор го нападна Пикси.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Поранешнито фудбалер на Црвена Звезда, Фенербахче, Херта и Мајнц не штедеше критики и жестоко го нападна српскиот селектор.
„Резултатот постигнат во Германија беше ужасен и тоа е факт кој Пикси не сакаше да го прифати. Тој не успех не може да го браните со уцени, туку со преземање лична одговорноста. Суетата, недоличноста и недоволната самокритика на преплатените „стручњаци“ доведоа до тоа нашата најдобра репрезентација да се преполови за кратко време. Играчите станаа жрвти на ароганцијата на Пикси. Најмалку се занимаваше ос тактики и во се гледаше заговор. Сите кои не мислат како него ги избегнуваше. Секогаш му беа други виновни“, објави Тањга.
Пред Србија сега се два натпревари во Лигата на Нации против Шпанија и Данска.