Дома Останати Кошарка Вчера беше постигната најспектакуларната тројка во Евролигата! (ВИДЕО)

Вчера беше постигната најспектакуларната тројка во Евролигата! (ВИДЕО)

Шпанскиот прволигаш Реал Мадрид вчера во драматичен натпревар стигна до победа на гостувањето кај Панатинаикос во 29-тото коло од Евролигата.

Искусниот Руди Фернандез со звукот на сирената постигна луда тројка при резултат 73:71 и така донесе победа за својот тим. На овој начин тој ја прекина серијата од шест победи во низа на грчкиот тим.

„Против Уникаха кога играв за Хувентуд исто така постигнав поени на 0.1 секунда до крајот, но мислам дека ова се најдобрите поени во мојата кариера. Ова беше тешко гостување и победивме, поради тоа сум уште повеќе среќен. Ова е шут кој се погудува еднаш од 100 обиди“, изјави херојот на Шпанците после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…