Поранешниот тренер на Вардар и актуелен предводник на Железничар Ниш, Веселин Вујовиќ нема да седне на „жешкото столче“ на клупата на унгарски Веспрем по отказот кој го доби Љубомир Вранеш откако загуби од Вардар во Лигата на шампионите.

Вујовиќ објасни дека имал повик од унгарскиот клуб, но дека има и проблем. Тој не ги прифаќа нивните услови да почне со работа веднаш и да биде до крајот на сезоната.
– Јас сум човек со име и рејтинг, и не сакам да пополнувам дупки на некој друг, изјави популарниот Вујо за словенчеките медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…