Дома Топ вести Во Шпанија тврдат: Пристигна понуда од 200 милиони за Роналдо!

Во Шпанија тврдат: Пристигна понуда од 200 милиони за Роналдо!

Шпанскиот весник „АС“ пренесува дека на адреса на Реал Мадрид пристигнала сензационална понуда за Кристиано Роналдо „тешка“ 200 милиони евра.

Имено, засега непознат кинески клуб испратил понуда до Реал Мадрид за Роналдо од 200 милиони евра и годишна плата од 120 милиони евра за играчот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„АС“ кој е близок до Реал Мадрид, вели дека Кристијано Роналдо би заработувал скоро 330.000 евра на ден доколку прифати да се пресели на Далечниот Исток.

Понудата од Кина изнесува 200 милиони евра обесштетување за Реал Мадрид, и годишна плата од 120 милиони евра за играчот.

Ова е само кулминација на интересот на голем број клубови за португалскиот ас кој последните месеци игра во животна форма и е најзаслужен што Реал ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Изминатите денови се појавија гласини од Португалија дека европски клубови се спремни да платат 180 милиони евра за неговиот потпис, а Роналдо тоа кратко го прокоментира.

„Ништо не е невозможно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…