Како што пренесуваат шпанските медиуми, Андрес Иниеста би можел ова лето да ја напушти Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иниеста целата кариера ја помина во Барселона каде стекна легендарен статус, а со оглед на фактот дека во моментов има 33 години и договор само до следното лето, разделбата е се поизвесна.
Шпанските медиуми тврдат дека Иниеста нема намера да го продолжи договорот со Барселона, а негова следна дестинација би можела да биде Серија А, односно милански Интер.
„Нероаѕурите“ се во потрага по врвен играч за врска и наводно имаат намера да испратат понуда до Иниеста.
Барселона нема да се противи на неговото заминување доколку самиот играч одлучи да замине и кариерата да ја продолжи на друго место.