Реал Мадрид побарал засилени безбедносни мерки од Партизан пред гостувањето во Белград во третиот натпревар од серијата во која српскиот тим води со 0:2.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во Реал Мадрид стравуваат од евентуална одмазда на навивачите на црно-белите по инцидентите кои се случуваа во Мадрид на последниот натпревар.
Кошаркарите на шпанскиот гигант би требало да слетаат во Белград во понеделник по тренингот кој ќе го одработат во Мадрид. Натпревбарот е закажан за во вторник од 20:30 часот и ќе се игра пред повеќе од 20.000 навивачи.
*Автобусот да ги земе кошаркарите од авионска писта со цел да се избегне било каков контакт со навивачи и со медиуми.
*Полицијата ќе ја следи делегацијата од аеродромот до хотелот, потоа од хотелот до салата за време на тренингот. Исто така полиција мора ги обезбедува и кога ќе одат на натпреварот, како и од хотелот до аеродромот.
*Пред хотелот во кој ќе бидат сместени кошаркарите на Реал Мадрид, постојано мора да има обезбедување.
*Обезбедувањето мора да биде зголемено и во салата, посебно околу клупата на Реал Мадрид“, објави израелскиот медиум „Валаспорт“.