Дома Фудбал Италија Во Неапол полудеа по Кварташкелија: Ќе се снима филм за Грузиецот!

Во Неапол полудеа по Кварташкелија: Ќе се снима филм за Грузиецот!

Грузиецот Квича Кварташкелија се покажа како супер засилување за Наполи оваа сезона и игра во фантастична форма.

Во редовите на Наполи 21-годишниот фудбалер дојде од Динамо Батуми за 10 милиони евра како замена за Лоренцо Инсиње и неговиот ангажман се покажа како полн погодок. Многу брзо Кварташкелија стана миленик на навивачите и ги освои симпатиите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колку многу ги воодушеви во Неапол покажува информацијата дека и покрај тоа што таму е само три месеци веќе ќе се снима филм за него, документарецот според најавите би требало да излезе следниот месец.

Кварташкелија досега постигна седум голови и забележа осум асистенции во натпреварите од Серија А и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…