Дома Фудбал Репрезентации Во Данска се подготвуваат на изненадувачки потег: Ќе го сменат селекторот кој се уште не дебитирал?!

Во Данска се подготвуваат на изненадувачки потег: Ќе го сменат селекторот кој се уште не дебитирал?!

Ларс Кнудсен ја предводеше селекцијата на Данска како замена за Мортен Вегхорст кој е на боледување поради стрес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со Кнудсен покрај аут линијата Данците забележаа две победи со Швајцарија и Србија, па поради тоа наводно размислуваат и да го остават на клупата.

Вегхорст се уште не дебитирал откако го наследи Хјулманд кој беше селектор на Европското првенство, но можеби и нема да го дочека своето деби.

„Не размислував за натпреварите во октомври. Бев потполно фокусиран да ги завршам овие задачи со тимот. Мило ми е дека сè мина добро. Сега ќе земам слободен ден, ова беше фантастично искуство“, изјави Кнудсен.

Инаку, Кнудсен во клупската кариера работи како помошник во Аугусбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …